Го тепале пред ќерката – Обезбедување претепа пациент во прилепската болница


Ѓорѓи Велјаноски пациент на невропсихијатриското одделение од Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп тврди дека без никаква причина денеска бил претепан од страна на припадник на болничката служба за обезбедување. Денес кај Велјаноски дошла неговата 14 годишна ќерка С.В. со намера заедно да појдат во средното медицинско училиште кое се наоѓа веднаш до прилепската болница каде девојчето планирало да го продолжи своето образование, пишува Нова ТВ.

14957golema„Слеговме во холот на болницата за да ја пополниме потребната документација за упис во училиштето. Јас и сопругата сме разведени, па од тие причини ќерката ме праша која адреса да ја пиши во документите, дали онаа на која живеам јас или, пак, другата на која живее нејзината мајка. Тогаш јас со малку повишен тон ѝ реков дека треба ја напиши истата адреса на која се водела во основното училиште. Одеднаш од зад грб дојде еден од обезбедувањето почна да вика по мене, да вели дека не треба да се занесувам и почна да ме удира по лицето. Прво ме тепаше со шлаканици и со тупаници, потоа ме влечеше и ме туркаше кон излезот на болницата. Ме исфрли како партал низ вратата, паднав и ги повредив ногата и колкот“, со солзи во очите раскажува претепаниот Ѓорѓи.

Сето тоа се случувало пред голем број на сведоци, меѓу кои биле и инструкторките од средното медицинско училиште, кои немилиот настан го пријавија кај лекарите и главната сестра на одделението за невропсихијатрија.

Велјаноски вели дека не знае зошто обезбедувањето реагирало така и кои биле причините за така крвнички да го тепаат. Најмногу од сѐ жали што сето тоа го гледала неговата малолетна ќерка која многу се исплашила и со плачење истрчала надвор од болницата.

На Велјаноски му биле дадени средства за смирување, бидејќи од големиот стрес многу се вознемирил. Дежурниот лекар го испратил во Итната медицинска помош, од каде го препратиле на хируршкото и ортопедското одделение, каде лекарите издале наод за констатираните повреди.  Случајот е пријавен во полиција.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1