Го тужеле синот: Не плаќа кирија, не помага – има 30 години и не сака да се исели


Кристина и Марк го тужет синот Мајкл Ротондо поради тоа што не им плаќа кирија и не придонесува кон семејниот буџет иако има 30 години . Тие дури и му дале 1100 долари за да си замине од дома и да се смести на друго место .

Но, синот продолжил да живее со родителите. Мајката и таткото на неколку пати му испратиле и судски опомени за иселување , кои Мајкл ги игнорирал .

Кон крајот на месецот родителите ќе го дадат случајот на нивниот син на Врговниот суд и тоа на само неколку недели пред 31 роденден на нивниот син .

Пред судот, родителите изјавиле дека тужениот Мичел Ротондо не плаќа кирија ниту помага околу куќните работи, а ја одбил и понудата на родителите финансиски да му помогнат околу осамостојувањето. Иако му упатиле веќе пет предупредувања за иселување, Кристина и Марк Ротондо велат дека нивниот син и понатаму не сака да го напушти домот.

Од друга страна, Мичел тврди дека не добил доволен број предупредувања за иселување кои навистина би го приморале да најде друг дом.

Адвокатот на родителите Ентони Адоранте вели дека неговите клиенти повеќе не знаат што да прават за да го натераат Мичел да се отсели.

“Одлучивме дека мораш веднаш да ја напуштиш куќата”, стои во првото писмо од втори февруари. Откако Мичел го игнорирал писмото, родителите му пратиле официјален допис за иселување кој го срочил нивниот адвокат.

“Те исфрламе од домот”, стои во дописот од 13-ти февруари.

“Покренуваме правна постапка доколку не се иселиш до 15-ти февруари”, се додава.

Родителите потоа му понудиле на синот 1100 долари како помош во пронаоѓање на стан како и неколку остри коментари за неговото однесување.

“Постојат работи дури и за луѓе како тебе без работно искуство. Најди работа – мораш да работиш!”, напишале родителите.

На 30-ти март станало јасно дека нивниот син нема никаква намера да си оди. Во април родителите одлучиле да се обратат до окружниот суд и со тоа да пробаат да го натераат синот да си оди, но таму им кажале дека сепак мора да се обратат до Врховниот суд со оглед на тоа дека се работи за член на семејството, по што го направиле тоа.

Синот Мичел ја нарекол тужбата на своите родители “одмазда” и го замолил судот да го отфрли целиот случај. Новото рочиште е закажано за крајот на мај, неколку недели пред неговиот 31-ви роденден.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1