Го тужи Оксфорд – немал пари за луксузни излегувања како што налага животот таму


Дејмиен Шенон е студентот кој го тужи Оксфорд. Зошто? Гардијан ја пренесува неговата приказна, а ние ја преведовме во целост. Еве што вели тој:

oksford 2012-07„На 19 јануари 2012, по многу месеци истражување, аплицирав за да студирам постдипломски студии во социјална историја на универзитетот во Оксфорд. Бев многу претпазлив за време на аплицирањето и бев убеден дека немам соодветно академско ниво. Сигурен сум дека многумина со „скромни“ апликации кои аплицираат на Оксфорд ги искусуваат истите грижи.

Колебливо аплицирав откако бев охрабрен од професорот Овнер Офер, еден од многумината економски историчари на Оксфорд и еден од најучтивите и најдарежливи луѓе кои сум имал задоволство да ги запознаам. На мое големо изненадување, по повеќе телефонски повици до персоналот задолжен за постдипломските апликации на факултетот по историја, добив понуда да студирам.

oxford-1164__0112По седум месеци, првиот успех, кој ветуваше толку многу за трансформирање на мојот живот, беше изгубен. Факултетот Сент Хју, каде бев распределен, не ми дозволуваше да го земам моето место. Не бидејќи не можев да ги платам трошоците или немам средства за живот.

Дадената причина беше дека немам доволно средства потребни за трошоците за живот во Оксфорд за времетраењето на студиите.

Правилата на факултетот и универзитетот гласат дека оние кои немаат 12900 фунти (20400 долари) годишно за животните трошоци не одговараат за студирање. Оваа сума е збир од повеќе трошоци кои се приложени на веб-страната на универзитетот.

Се бара еден студент да има 7250 фунти (11470 долари) за изнајмување место и сè потребно за живот, без разлика дали сумата изнесува толку или е помала (јас договорив изнајмување на стан за повеќе илјади фунти помалку од предвидените трошоци на Оксфорд, но ова не изгледаше дека е битно). Потребни се 56 фунти (89) неделно за храна, вклучувајќи фонд за јадење во ресторанот на факултетот. Се бара и дополнителна сума пари за социјализирање и купување облека. Оксфорд изгледа дека сака да каже дека оние кои не може да дозволат вечера со нивните колеги и социјализација не се соодветни за студирање.

99014504

 Сакам да појаснам неколку митови кои се појавија откако го кажав моето мислење против факултетот на друга веб-страна. Најпрвин, не тужам за пари. Второ, самиот се претставувам во судот, одбив понуди на легална помош и секакви договори бидејќи сакам да ги скратам трошоците. Конечно, имав околу 9000 фунти (14240 долари) одвоени за моето долго-очекувано студирање, што е доволно за секој кој ќе пронајде поефтино сместување и ќе одбере да не вечера во ресторани со своите колеги.

Разбирам дека насловот на текстот ќе ве исплаши, но битно е да се подвлече причината за судењето. Мојот најбитен аргумент пред судот гласи дека не е соодветно да се одбие пристап на оние кои не можат да дозволат да се социјализираат или да јадат во ресторани, или да живеат во соба од одредена големина и цена.

oksfordСпоред аргументите од нивна страна, на студентите им е дозволено да работат и да заработуваат пари кои ќе им го платат студирањето. Но, дипломските студии се многу „внимателни“ во дозволувањето на студентите да бидат вработени надвор од универзитетот. Од друга страна, тие се доволно „внимателни“ да им дозволат на студентите да работат за универзитетот или да трошат часови во тренирање за натпреварувачките спортски настани кои ја зголемуваат репутацијата на универзитетот.

Оксфорд, за мене, беше речиси целосна противречност на луѓето и правилата. Бев и останав трогнат од љубезноста и великодушноста на вработените и академците на факултетот по историја, кои одвоија многу време за да ги одговорат сите мои прашања и да пронајдат место за мене.

Сепак, помеѓу факултетите и универзитетската водечка хиерархија останува нијанса на елитност, привилегија и ексклузивност. Правилото кое го предизвикувам води до сржта на следното: „Доколку не може да си дозволите да бидете дел од нашите обичаи и традиции, не сте добредојдени тука.“ Со секое читање, ова ми изгледа неправедно. Наскоро ќе откриеме дали е и незаконско. “

Извор – Факултети.мк

 

Share Button
Ана Ношпал

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1