Мумија за која никој нема објаснување најдена во Мексико (Фото)


pig mummy alien 2

Добро сочувани остатоци од мумифицирано суштество околу 10 сантиметри долго со издолжена глава, опашка, како и рацете и нозете, кои се погодни за пливање, било пронајдено во јуни во 2012 година во близина на Камарго од страна на бездомници кои пребарувале низ ѓубрето.

Мигел де ла Торе, претседател на „ESRA UFO“ истражувањето, изјавил дека неговата група занела за три вакви слични суштества кои биле пронајдени. И покрај бизарниот изглед, примерокот има хуманоидна форма.
Двојката која го пронашла суштеството, избегала од градот Хуарез поради насилство.

Ги известиле дека при посетата на ранчот во предградието на градот, каде било дозволено да се собираат картоните и пластиката го пронашле суштеството.
Санта Росалиа де Камарго, познат како градот Камарго, е град во источниот дел на мексиканската држава Чихуахуа.

Регионот е познат по земјоделството, добитокот, пченката и околните планини. Камарго по етничка основа е град со мешано население, кое главно доаѓа од Европа.

location of pig alien 2

Составен е од шпански, баскиски, португалски, француски, италијански, германски, жители од Јужна Африка, бугари и Conchos индијанци. „Тарахумара“, индијанците доаѓаат од Камарго, да продаваат стоки на локалните жители, а живеат во регионот и во планините.
Некои сметаат дека суштеството се остатоци од вонземјанин, додека други веруваат дека тоа би можело да биде плод на чупакабра. Истрагата е во тек.

pig mummy alien 1

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1