Го уапсиле за убиство на 9 луѓе – признал дека убил 40 (Видео)


51-годишниот Хозе Мануел Мартинез, обвинет за 9 нарачани убиства во централна Калифорнија, но кога го уапсиле признал дека во изминатите неколку децении убил дури 40 лица.

Jose Manuel MartinezМартинез наводно им раскажал на истражувачите дека тие убиства ги извршил како платен убиец на еден нарко картел, изјавил Ерек Џет, окружен обвинител во Лоренс, Алабама. Џет изјавил дека му верува на Мартинез поради деталите кои изнел.

Мартинез бил уапсен минатата година набрзо откако од Мексико преминал во САД. Сега се наоѓа во Алабама, каде што го чека почетокот на судењето за едно од убиствата.

Обвинителот додал дека во моментот кога се дознало за апсењето на Мартинез, неколку истражни судии од различни делови на САД дошле да го сослушаат.

Според зборовите на помошникот на окружниот обвинител Тулер, Ентони Фалка, Мартинез на својата мета имал жртви на возраст од 22 до 56 години, на повеќе места во периодот од 1980. до 2011. година.
Доколку биде осуден за делата извршени во Калифорнија, Мартинез би можел да биде осуден на смртна казна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1