Го уби Бин Ладен а живее во сиромаштија нема ни за да го храни семејството


Човекот од Американската морнарица кој беше одговорен за убиството на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, вели дека е запоставен од страна на американската влада. Екс командосот сега вели дека крпи крај со крај и дава надчовечки напори за да го прехрани своето семејство, како и да им плати здраствена заштита.

bin-ladenИ покрај убиството на најбараниот човек во Америка, американскиот војник кој бил наведен под името „Shooter“ повторно се врати во цивилниот живот. „Стрелачот“ кој остана анонимен се повлече од војската во септември 2012 година, 36 месеци пред 20 годишниот услов, потребен за прензиските бенефиции.
И владата не направи исклучок за пензиските бенефиции, дури ни кога се работи за Американецот, одговорен за убиството на првиот човек на најголемата терористичка мрежа во 21 век.
„Она што е тешко да се разбере е како човекот со стотина успешни воени мисии, еден од најпознатите декорирани борци ветерани во нашата доба, кој во својата кариера се прослави со убиството на Бин Ладен, на крајот немаше погодна почва да слета во цивилниот живот“, напиша Фил Бронстеин извршниот претседател на Центарот за истражувачко новинарство.

Настрана од анонимноста и јавното признавање од страна на американската јавност, владата на САД очигледно го заборавила значењето на овој човек и неговиот придонес во убиството на најбараниот терорист во светот. Без пензија, здраствено осигурување или некаков друг вид на заштита, овој човек останува во мракот од страна на агенцијата на која што и го посветил целиот свој живот.

seal-platoon-navy.n

Единствена помош му била онаа во која му било кажано да побара работа како возач на камион за да собере доволно пари за да го згрижи неговото семејство.

„Ми рекоа дека можам да најдам работа како возач на камион на пиво во Милвоки“, вели „Стрелецот“, кој заработува по 54,000 долари месечно, но оставен без пензија, и само здраствено осигурување од 486 долари месечно, едвај ги покрива основните трошоци.
„Мојата здраствена заштита и заштитата на моето семејство е запрена“, вели тој.
„Кога ги прашав дали ми следуваат некакви бенефиции од страна на фирмата во која бев ангажира последните 16 години, ми одговорија само со кратко НЕ“, вели „Стрелачот“.

Американската влада обезбедува 18 дена од преодните здраствени бенефиции, но само на оние кои се согласиле да останат во активна должност, или да станат резервисти. И повторно ќе мора да чекаат 8 месеци за да поднесат барања за инвалидски исплати.

obama-president-barack.n

Наоѓањето на друга работа не е толку лесно за пензионерите особено за нас поради анонимноста. Иако пријателите и членови од семејството се ставаат на располагање да му помогнат, тие не смеат да кажат дека се работи за препорака на човек кој бил дел од акцијата која што го елиминирала Осама бин Ладен.

Војниците се борат во спротивност со изјавата на американскиот претседател Барак Обама кој ја соопшти на денот на ветераните, за оние кои и служат на земјата.
„Никој, кој се бори за оваа земја не треба да се бори за работа. Мора да има покрив на глава или да се грижат дали имаат доволно пари, кога ќе се вратат дома“, изјавил Обама.
Но, „Стрелецот“ се бори, финансиски, физички емотивно. Со тело полно со лузни, артитрис, тендинитис, оштетување на очите и разнесени дискови. Тој е во очајна потреба од медицинска нега.
„Дали на овој начин Америка ги третира своите херои? Еднаш Обама го нарече најдобар од најдобрите? Потпретседателот Бајден го нарече најдобриот воин во историјата на светот?“, напишал Бронстеин.

specijalci6„Стрелачот“ е еден од 1,3 милионите ветерани – еден во 10 – и 0,9 милиони семејни членови, кој во моментов се неосигурани и покрај нивните години во службата.
Кога го застрелав Осама Бин Ладен и го видов како го издишува последниот дел од воздухот си помислив: Дали е ова најдоброто нешто што сум го направил, или најлошото?“, се присетува „Стрелачот“.
Администрацијата смета дека смртта на бин Ладен е едно од најголемтие достигнува, но за „Стрелецот“, животот и понатаму останува борба.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1