Го уби младиот Иван на пешачки, а еве колкава е максималната казна која може да ја добие


Основното јавно обвинителство – Скопје почна истрага против Џенис Мекиќ (20) од Батинци осомничен дека го прегазил со џип малолетникот Иван Билински (16) и го усмртил пред дванаесет дена во центарот на Скопје, информира вчера обвинителството.

katolickapregazen

Според пријавата, осомничениот се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што смртно настрадало едно лице. Но непознато е што досега утврдила истрагата, односно дали малолетникот бил на пешачкиот премин во моментот кога бил удрен, со која брзина се движел џипот ниту, пак, дали Мекиќ бил под дејство на алкохол.

Возачот Џенис Мекиќ не бил возач-почетник, иако имал возачка дозвола само два месеца повеќе од предвидениот законски рок, во кој не би смеел да го управува џипот „фолксваген таурег“. Пред последните измени на Законот за безбедноста во сообраќајот на патиштата, возач-почетник беше секој возач до 21 година.

Според Kривичниот законик, ако биде поведено обвинение против Мекиќ и подоцна биде прогласен за виновен, може да биде осуден на казна затвор од една до пет години. Толку предвидува Законикот во член 300, став 4 за дело што е сторено од небрежност.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1