Го убил, го полил со бензин и го запалил – 18. години затвор за полицаецот од Битола


Осумнаесет години затвор доби 25-годишниот Енвер Тоска, полицаец од Битола за свирепото убиство на својот сограѓанин, 36-годишниот Алили Бекир, соопшти портпаролот на прилепскиот Основен суд, судијата Жарко Велески. Пресудата ја донесе судечкиот совет со кој заседаваше судијата Ѕвонко Младеноски.

Судењето на обвинетиот Тоска заврши вчера и тоа за брзо време откако Тоска ја призна вината за убиството што се случи на 14 септември минатата година.

Тоска беше обвинет за убиство со умисла бидејќи, според прилепското Јавно обвинителство тој претходно го планирал кривичното дело, го однел Бекири кај селото Беловодица, го убил и потоа го полил со бензин и го запалил. За ова, едно од најтешките кривични дела, казната е од 10 години до доживотна казна затвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1