Година и два месеци затвор за дадилката која малтретираше бебе


Казна затвор од година и два месеца е изречена за  лицето Т.С., која во својство на дадилка беше обвинета за кривичното дело „Запуштање и малтретирање дете“ од член 201 став 1 од Кривичниот законик.dadilka(1)

Судењето беше  затворено за јавност поради заштита на правата на оштетеното малолетно лице.

Според обвинителството, родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале жената за да го чува нивното бебе, но се посомневале дека го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело. Откако на 20-ти август таткото ненајавено влегол во домот во Скопје и ја забележал дадилката дека го удира бебето, решил да постави видео камера во својот дом. На снимката, која најпрво на Фејсбук ја објави тетката на бебето, се гледа како дадилката го малтретира и тепа детето, му вика и го навредува.

Бранителот на дадилката изјави дека таа не се чувствува виновна и побара преквалификација на делото.

Одбраната пред судот ја оспоруваше и валидноста на снимката, како неовластено стекната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1