Годишните сметки отсега ќе се поднесуваат по електронски пат


Годишните сметки до Централниот регистар отсега ќе се поднесуваат и по електронски пат. Оваа нова мерка ќе овозможи подобрување на бизнис средината со цел подобри бизнис резултати.

UJPГлавната предност на електронскиот систем се состои  во тоа што ќе овозможи поедноставено и поефикасно поднесување на годишната смета за 2013 година почнувајќи од 2013 година па понатаму

На овој начин на фирмите и сметководителите повеќе нема да им бидат потребни двојни дигитални сертификати, ќе нема потреба од двојно изготвување на годишните сметки и ќе  се овозможи групно плаќање на надоместокот за поднесување на годишната сметка од страна на сметководителите кои водат повеќе фирми.

Од оваа година новина е продолжувањето на рокот за поднесување на годишна сметка до 15-ти март.

Владата смета дека оваа мерка ќе биде уште еден чекор во олеснување на деловното работење на фирмите во Република Македонија и дека токму ваквите мерки го подобруваат котирањето на Македонија во извештаите како „Дуинг бизнис“.

Во изминативе неколку години Владата презеде неколку мерки со кои го олесни деловното работење како намалување на рокот потребен за регистрирање фирма на само четири часа, издавање електронски потврди од Централниот регистар, регистрационен агент и регистарот на задолжници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1