Нова полициска акција се спроведува во Дебар. Се апсат полициски служеници и цивили, јави „Курир“.
Според првичините информации на порталот уапсени се двајца командири на граничката полиција и неколку полициски службеници. Меѓу уапсените се и поголема група на цивили.
Акцијата се спроведува поради сомнение дека лицата сториле повеќе кривични дела, меѓу кои и криумчарење на добиток. Во тек се претреси во повеќе места.
МВР детали најавува за утре.