ОХРИД: Изгореа мајка и бебе во пожар


Мајка и седуммесечно бебе изгореа рано утровово пожар што избувнал во нивното импровизирано живеалиште во Охрид, потврдија од охридската полиција.

pozarnikari-VP-4Според податоците од СВР Охрид, пожарот настанал рано утрово во импровизираната барака во близина на болницата „Свети Еразмо“. Пожарникарите кои интервенирале успеале да го локализираат пожарот, но ги пронашле двете јагленисани тела на мајката и бебето.

Пожарот прв го забележал вработен во бензинската пумпа „Петрол“ што се наоѓа во близина, за што ја известил Територијалната противпожарна служба, која веднаш реагирала со три противпожарни возила.

Извршен е увид на местото на несреќата, во присуство на истражен судија и се увтрдуваат причините за несреќата. Според првичните информации, станува збор за несреќен случај, пожар предивикан од импровизирано грејно тело.

Telegraf.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1