Расветлено убиството на скопјанката од Аеродром – нејзиниот син брутално ја убил на спиење


Полицијата го расветли убиството на 58 годишната скопјанка Ј.Н. која беше пронајдена мртва во својот стан во Аеродром, дознава Пресс24.
policijaСпоред нашите информации, жената брутално ја убил нејзиниот 30 годишен син Антон П., кој, како што дознаваме бил долгогодишен наркозависник. Во грозоморното убиство му помогнал и неговиот другар Стојанче Б.
Истрагата покажала дека Антон дошол дома, земал метална шипка и брутално ја претепал својата мајка додека спиела. Откако го извршил убиството, избегал од местото на настанот и на излез од Скопје се ослободил од шипката и ја запалил облеката.
Полицијата ги пронашла и Антон и неговиот помошник Стојанче.
Press24
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1