Во рамки на полициската акција која вчера беше спроведена во Охрид покрај поранешниот градоначалник, Александар Петрески уапсени се и сите вработени во Општината од времето кога тој бил на функција.
Дел од врабоените работеле во Општината додека Петрески бил градоначалник, а дел од нив се се уште вработени во оваа институција.
Меѓу уапсените се раководители на сектори, сопственици на фирми кои добивале тендери од Општината и вработени на останати пониски функции.
Приведени се З.Ш., Е.С. и Г.С., кои биле на функција раководители на сектори во општината, како и Б.К., С.К., Ј. К., О. М. и С. П., кои биле сопственици управители на фирми кои добивале работа од Општината.
Буџетот на Општината вкупно е оштетен за околу 50 милиони евра во периодот додека Петрески беше на чело на оваа локална самоуправа.