Голема Албанија на мала врата – Бараат референдум за спојување на Албанија и Косово


Лидерот на албанската партија Црно-црвена алијанса, Крешник Спахиу достави во вторникот официјално барање за одржување референдум во Албанија за национално обединување со формирање Албанска федерација во која би влегле Албанија и Косово.

kresnik spahiuКрешник Спахиу изјави дека доставувањето на барањето до Државната изборна комисија знаци официјално покренување на иницијативата за одржување референдум „што е основно и универзално право на човековите права”.

„Одбележавме сто години од независноста, но сега нагласуваме дека беа тоа години и на распарчувањето на Албанија”, рече Спахиу и додаде дека доставувањето на оваа барање е историски чекор за започнување на процедурата за обединување на Албанија и Косово.

Партијата Црно црвена Алијанса се залага за основање Албанска федерација, при што нема да има промена на границите, туку нивно отстранување, додаде лидерот на оваа партија. Со оваа барање Албанците ќе влезат во ЕУ како една држава, истакна Спахиу.

Европа и светот за сега молчат за се погласните сигнали од Албанија за спојување на териториите каде живеат Албанци. Дури владата и официјално ја коментираше идејата за пасоши за сите Албанци каде и да живеат. За експертите ова е воведување на идејата за голема Албанија на мала врата. Се очекува остра реакција од светската политика. Ќе ја има ли?

Макфакс

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1