Пристигна едната галија во Вардар


Конструкцијата од галијата, еден од четирите сплава што ќе прераснат во ресторани, денеска пристигна во Вардар, веднаш спроти Градската плажа, објави „Дневник“.

splav vardar
Идејното решение за двата од планираните четири сплава во реката Вардар е на фирмата „Фаланга дим“, едниот сплав, кој потсетува на барокен брод, е спроти Стариот театар, а планирано е другиот да се гради кај хотелот „Холидеј ин“.

За останатите два сплава Градот сè уште нема избрано идејно решение.
Избраната фирма има обврска да ги изгради двата објекта, а за возврат ќе добие право да ги стопанисува во период од десет години.

Киријата што ќе и ја плаќа на градската власт е 2.300 евра за двата сплава. Обврска на Градот беше само да изгради инфраструктура, вода, струја, канализација, за што вложи 150.000 евра.

фото: „Дневник“

splav vardar

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1