Голема Богородица – заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството


Пресвета Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.bogorodica-500

Со свечена литургија, молитва и свеќа за здравје и бериќет, православните христијани го одбележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат кај народот како Голема Богородица. Во метрополата, најсвечено ќе биде на Матка и во катедралната црква во центарот на градот „Рождество на пресвета Богородица”. Храмот посветен на Мајката Божја беше изграден врз темелите на старата и осветен во 2008 година.

Според христијанската традиција, на овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода. Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.

На овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода.

– Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.

Народот верува дека Богородица е заштитничка и на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1