Голема сообраќајка се случила рано утринава на автопатот од Петровец кон Скопје. Комбе со ознаки на македонската Царина се превртело на кров.
Превртеното возило на среде автопат предизвика застој во сообраќајот. Сообраќајката се случила на истото место каде што загина новинарот Никола Младенов.
Нема информација што ја предизвикало несреќата и дали има повредени.