Тој има 91 година, таа 96 – ја запросил по 10 години врска


По една деценија заеднички живот во врска Бил Грифитс и Фло Маршалсеј кои заедно имаат 187 години одлучиле да ја официјализираат истата.

Како пренесуваат британските медиуми, 91 годишниот Бил за запросил својата пет години постара девојка додека пиеле чај во заедничкиот дом во централна Англија.stari ljubov-1-640x385

-Бил ме погледна и ми рече: Фло сакаш ли да се омажиш за мене? Му одговорив „да“ и тој ме бакна, изјавила идната невеста која додала дека Бил не клекнал, но сепак се излегло многу романтично.

-Ме изненади, но животот е таков полн со изненадувања, додава Фло.

Парот одлучил да се венча на 16 јануари во локалната црква во присуство на своите пет деца, 14 внуци и 7 правнуци.

-Никогаш не сте стари за да се венчате. Стари сте онолку колку што се чувствувате стро, а јас не се чувствувам така. Физички сум стара, но имам млад дух. Кога некој би ми кажал дека сум премногу стара за да прошетам до олтарот би му рекла дека зборува глупости, додала Фло која го запознала Бил во 1982 година во еден танцов клуб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1