Шефот на Месинџер Дејвид Маркус неодамна на Фејсбук порача дека постојано бараат начини како оваа опција да ја направат уште покорисна.
Промените на Фејсбук не се реткост, а овој пат на ред е Фејсбук Месинџер. Шефот на овој сервис, Дејвид Маркус, за се` проговори на Фејсбук пишувајќи статус дека постојано бара начини како Месинџер да го направи уште покорисен.
Објаснил дека со помош на Месинџер веќе може да се праќаат гласовни пораки, а во тек е тестирање на опцијата која вклучува транскрипција на такви пораки.
Тоа значи дека корисниците наместо да ги преслушуваат, гласовните пораки ќе можат да прочитаат бидејќи автоматски ќе се претвораат во текст. Корисникот секако ќе може да избере меѓу две опции – да ја слушне или да ја прочита пораката.