НЕ ЗНАЕЛ ДЕКА ВО ЏЕБ ИМА 73 МИЛИОНИ ЕВРА: 2 месеци не му текнало дека има лото ливче


Еден Французин повеќе од месец дена во новчаникот држел лото тикет, мислејќи дека освоил 5.000 евра, но кога влегол во лотаријата дознал дека добил 73 милиони евра.

Милионскиот џекпот, кој е седми по големина освоен во Франција, извлечен е на 2. декември.loto

Среќниот добитник, од североистокот на Франција, кој играл на лотаријата „Евромилион“ на интернет, едноставно заборавил да ги провери броевите, но кога конечно тоа го направил на вообичаеното продажно место му било кажано дека неговата добивка надминува 5.000 евра и дека треба да се обрати во централа.

„Да се јавев три недели подоцна не би добил ништо. За среќа се` добро заврши. Кога само ќе помислам дека не бев свесен дека повеќе од месец во паричникот носам лото ливче вредно 73 милиони евра“, рекол тој.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1