Големо апсење на Бит Пазар – полицијата се врати по напаѓачите од пред Нова Година


Повеќе лица се уапсени во голема полициска акција која се одвивала вчера во скопски Бит Пазар. Според информациите, уасени се повеќе лица за инцидентот од пред Нова Година, кога полициските службеници се обидоа да запленат поголема количина на петарди.

bitpazarНа 29 декември, минатата година полициските службеници беа спречени при контрола на Бит Пазар. Поголема група граѓани од локалното население ги нападнаа полицајците по што тие мораа да испукаат и предупредувачки истрели во воздух. Еден полициски службеник беше повреден.

8 лица заработија кривични пријави а 5мина од нив  се во притвор  поради напад  и спречување на службено лице во  инцидентот  со дивите препродавачи на пиротехника кај Бит Пазар. Полицијата го расчисти случајот со инцидентите кои беа предизвикани два дена пред нова година  од толпа граѓани кои ја спречуваа полицијата во извршувањето на службената должност.  Првоосомничен  е  28 годишниот  скопјанец кој со нож прободе припадник на алфите.

Од МВР информираа дека лицата се познати сторители на кривични дела проследени со насилство, недозволена трговија со оружје, фалсификување пари и имотни деликти за што од надлежен Суд им се изречени затворски казни и  условни казни.

Инцидентот беше предизвикан од толпата граѓани кои набрзина се собраа на пешачкиот мост кај старата скопска чаршија  откако полицијата приведе двајца со цел да спречи препродажба на пиротехнички средства. Во турканицата еден полицаец бил удрен со метална шипка по коленото, а им била одземена и запленетата пиротехника.  По полицијата беа фрлани  петарди и запаливи средства  при што со изгореници и повреди се здоби уште едно службено лице .Во знак на предупредување еден од припадниците на алфите испукал неколку проектила со цел да ја смири и растера толпата. Во тој момент полицаецот бил нападнат од првоосомничениот  кој со нож го прободел во задниот дел од бутот. По предупредувачкото пукање пристигна и полициско засилување од 7 тимови на единицита алфа по што  ситуацијата беше ставена под контрола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1