Премрзнати македонски патници, околу 50-тина, останале на аеродромот во Париз откако авионот на Визер заминал без нив затоа што доцнеле половина час поради невремето, јавува Канал 5
На минусни температури, во вреќи, на под, во спортска сала. 40 македонски граѓани заглавени во Париз. Голготата започнала кога поради снежното невреме авионот на компанијата ВИЗ ЕР полетал без патниците.
Автобусот со кој се враќале на аеродромот патувал многу бавно поради лошото време кое ја зафати Франција денеска. Патниците раскажуваат дека авионот не бил полетан кога пристигнале на аеродромот но од Визер немале разбирање па авионот полетал за Скопје пракитчно празен, а следен лет им бил понуден дури во сабота.
Видео – Канал5