Горан Пандев се враќа во македонската фудбалска репрезентација


По две и полгодишна пауза од дресот на фудбалската репрезентација Македонија, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и официјално денеска се врати најдобриот тим.Pandev-wants-to-face-Inter-Milan-in-the-Champions-League-and-happy-with-life-in-Napoli-117165

Пандев го прифати повикот на селекторот Игор Ангеловски да биде дел од тимот кој во наредните ноколку дена ќе одигра два контролни, пријателски натпревари против Словенија и Бугарија.

Фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Џенова им се приклучи на останатите репрезентативци кои од денеска се во Копер, каде в среда од 18 часот ќе ги одмерат силите со репрентацијата на Словенија.

За Пандев кој за Македонија досега има одиграно 75 меча и постигна 26 голови, ова ќе биде прв настап во црвено-жолтиот дрес, по мечот со мечот со Велс (11 октомври 2013 година) во рамките од квалификации за СП во Бразил, по што струмичанецот го пропушти целиот евроквалификациски циклус за Евро 2016 во Франција.

Враќањето на Пандев пред македонската јавност ќе биде вториот пријателски меч со Бугарија закажан за 29 март на арената „Филип Втори’’ во Скопје, на која за последен пат настапи на дуелот против Шкотска на 10 септември 2013.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1