Горан со секира ја заклал сопругата Елизабета додека спиела – Врапчиште во шок


Шок и неверување во гостиварско Врапчиште по убиството кое се случи вчера. 49-годишниот Горан Андриевски ја убил 5 години помладата сопруга Елизабета, во спалната во нивната семејна куќа, по што самиот се одлучил да и се предаде на полицијата. Се искарале, па зел секира и ја удрил сопругата по главата. 49 годишен жител на гостиварско Врапчиште вчера на спиење ја убил пет години помладата сопруга. Влегол во спалната соба и со еден удар во вратот и пресудил на жената, инаку мајка на две полнолетни деца. vrapciste

Во Полициската станица Гостивар дошол и пријавил дека дваесетина минути пред тоа во спалната од нивната заедничка семејна куќа, по претходна меѓусебна расправија, со неколку удари со секира по главата и вратот ја усмртил неговата 44-годишна сопруга, соопшти СВР Тетово

Мажот работел како возач, а неговата сопруга како медицинска сестра. Што му претходело на убиството за сега не е познато. Неофицијално, сопружниците иако биле мирни луѓе, подолго време имале нарушени семејни односи, проследени со караници. Соседите тврдат дека проблемите настанале откако осомничениот за убиството почнал да пие, пренесува МТВ.

На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници на СВР Тетово, кои го потврдиле пријавеното, а набрзо потоа извршен е увид што го водел јавен обвинител и во рамките на кој пронајдена е секирата со која најверојатно, односно се претпоставува дека е извршено убиството, како и други траги кои ќе се вештачат.

Осомничениот Г.А. е задржан во Полициската станица Гостивар, додека по наредба на јавен обвинител врз безживотното тело на убиената ќе се изврши обдукција.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1