Гости во Охрид се носат како што прави Борко Ристовски, а не со кукање на прес конференции


Голманот на македонската ракометна репрезентација Скопјанецот Борко Ристовски во Охрид деновиве го донел целиот тим на ракометниот клуб Гумерсбах од Германија. Ракометарите на овој клуб во кој две години игра и Борко,се натпреваруваат во Бундес ракометната лига.

borko ristovskiБорко успеал да го убеди раководството на клубот оваа година на припреми да дојдат во Охрид, кажувајки им дека езерото е преубаво,и има услови за тренингот кој им е потребен за идното првенство.

Деновиве тие се во Охрид и се восхитени од убавините на градот и условите. Е тоа е прав патриотски потег, да убедиш луѓе дека требе да дојдат да го посетат Охрид, вели Охриганец за порталот Либертас.

Според него кукањето на градоначалникот Бакрачевски дека новинарите биле криви оти пишувале лошо за Охрид биле само префрлање на вината за неснаогање во водењето на најголемиот туристички центар во Македонија.

Смешни се информациите кои ги пласираат блиски медиуми на Бакрачевски дека во Охрид имало кафе за 20 денари. Има да,вели тој, но само во тоа кафуле кое е на самата улица и толку.

извор: Либертас

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1