Четириесет и деветгодишен гостиварец е потешко повреден откако во неговиот автомобил удрил патнички воз.
Според гостиварската полиција, несреќата се случила околу 18 часот и 20 минути на необележан премин на еден километар пред железничката станица Гостивар, пренесува МИА.
По извршениот увид е утврдено дека Р.С. со автомобил „форд-ескорт“ караван ја поминувал пругата во близина на населбата Питарница, во моментот кога патничкиот воз кој сообраќал на линија Скопје – Гостивар влегувал во станица.
Возачот на автомобилот е пренесен во гостиварската општа болница каде е задржан на лекување.