Бразил подготвен ли си за Македонската фаланга? Видео


Нашата најдобра фудбалска репрезентација конечно по три одиграни кола успеа среќно да стигне до првата победа против нашиот северен сосед, репрезентацијата на Србија.

Да биде победата уште послатка ова беше прв триумф во историјата против Српската репрезентација. Херојот од една страна за нас и кобниот за Србите беше Агим Ибраими кој во 59 минута, доста умешно го искористи малиот контакт со Ненад Томовиќ и падна во шеснаесетникот.

Исклучување за Томовиќ, а Ибраими успеа рутинирано да го совлада противничкиот голман.

Сето ова не носи поблиску до Мундијалот во Бразил 2014, подготвен ли е Бразил за македонската фаланга. Едно е јасно фалангата е подготвена за Бразил.
Уште поголема гордост од овој вечерашен триумф е фактот што се играше во чест на Тоше, големиот спортски фан и човекот кој што во аманет ни ја остави химната Македонија навива за вас.

На истиот овој ден пред 10 години, Македонија се уште го памети спектакуларниот гол од корнер на Артим Шакири кој што успеа да ја стресе мрежата на Гордиот Албион и тогашниот одличен голман на Арсенал Дејвид Симан.

Македонската репрезентација настапи без неколкумина стандардни фудбалери кои што беа во почетниот тим на мечевите со Хрватска и Шкотска. Сепак отсуството на суспендираниот Горан Пандев, беше надополнето со одличниот Дарко Тасевски. Демири и Глигоров солидно се покажаа во средината. Имавме одлични шанси за повисоко водство, но исто треба да бидеме и задоволни што и Србите на неколку пати не успеаа да ги искористат своите шанси.
Со овој триумф се израмнивме на табелата со Србија, со по 4 бода, а истовремено ги поминавме Шкотска и Белгија.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1