Инциденти во чаршија и по натпреварот – имало и приведени и повредени


По натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Србија се случиле инциденти во Старата скопска чаршија во кои, според неофицијални информации има повредени и приведени. полицијата со солзавец ја разбивала толпата, јави макфакс.

Според непотврдени информации, толпа лица од Старата чаршија сакала да го мине Камениот мост во центарот на Скопје за да оди на плоштадот „Македонија” каде што група навивачи ја прославуваше победата на македонската фудбалска репрезентација, но биле спречени од полициските специјалци.

Од Министерството за внатрешни работи не ги потврдуваат овие информации од граѓани, а очевидци велат дека на почетокот од Старата чаршија биле видливи искршени жардинери, расфрлани маси, столчиња и чадори од околните локали, пишува Макфакс..

Како што пренесe албанскиот „Порталб“ група на навивачи се упатиле по натпреварот Македонија Србија, кон соменикот на Скендерберг. На групата и се спротиставиле групи на албанци кои што фрлале со стаклени шишиња кои што ги земале од кантите за ѓубре, како што пренесуваат очевидците.
Полицијата успеала да ги растера групите со солзавец.

Од Министерството за внатрешни работи се уште не ги потврдиле овие информации.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1