Грабеж на векот: “Liberti Rezerv” затворен – испрале над 6 милијарди долари


Американските обвинители покренаа обвинение против операторите на фирма за онлајн трансфер на валути, дека со помагање на криминал ширум светот испрале повеќе од 6 милијарди долари.

libertyВо обвинението, покренато вчера, се вели дека компанијата „Liberty Reserve“ имала повеќе од милион корисници, меѓу кои и 200 илјади во САД. Се наведува дека речиси сите бизниси на компанијата во Костарика биле поврзани со сомнителни криминални активности, како што се детска порнографија, измами со кредитни картички, трговија со наркотици. Обвинети се седум лица, од кои неколку се од поранешниот СССР.

Досега се уапсени петмина, вклучувајќи го и основачот на компанијата Артур Будовски, опишан како поранешен американски граѓанин роден во Украина.
Канцеларијата на американскиот јавен обвинител во Њујорк соопшти дека најверојатно станува збор за најголем случај на перење пари во историјата.

liberty-reserve

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1