Мајка 20 год ги држела децата во заложништво од страв да не им се случи нешто


Братот и сестрата, Марко и Маријана Станковиќ, своето детство и дел од младоста ја поминале во четири ѕида, пишува српски „Новости“.
marijana marko„Мојата сестра и јас бевме жртви на прекумерна љубов. Заложници на мајчината параноја, деца осудени на домашен притвор. Никој не смееше да знае дека постоиме. Не одевме на училиште, забрането ни беше да излеземе на улица. Можеби е лошо да се каже, и срцето ми се кине кога ќе го кажам тоа, но дури откако почина, ние добивме прилика да го запознаеме надворешниот свет“, раскажува Марко.
Тој има 23, а неговата сестра е две години помлада. Судбината им наметнала детството и раната младост да ја поминат како можеби ниту едно дете на овој свет- заробени.
Нивната приказна започнува кога нивната мајка останала едиствен столб на семејството. Била во поодмината бременост со Маријана, кога нејзе и децата ги напуштил сопругот. Тоа било прв удар за целото семејство.
„Следниот удар следел по мојата вакцинација“, раскажува Марко, додавајќи дека се разболел со што се зголемил патолошкиот страв на неговата мајка дека може да им се случи нешто лошо.  Деновите во изолација, кои им ги наметнала нивната мајка траеле се’ до нејзината смрт, пред три години. Братот и сестрата веќе ја освојуваат слободата, но заложништвото оставило длабоки траги. Сега Станковиќ се обидуваат да го надокнадат загубеното време на училиште и добро им оди.
Не се плашат да зборуваат за своето минато: „Нашата мајка не плашеше дека надвор може некој да не киднапира, ако бидеме гласни, социјалните работници ќе не украдат и ќе не затворат… Често ни кажуваше дека на секој чекор не демне опасност, а ние секако во тоа верувавме“, раскажува Маријана.
Откако ја напуштил сопругот, нивната мајка, дала отказ во трафиката каде работела. „Секој ден стоеше пред прозорецот во страв дека некој ќе дојде и ќе не земе. Со даски ги преградуваше вратите и прозорците за да не може некој да не види или да се осудиме да излеземе. Но, ако не сметаме дека сме живееле изолирано, деновите ги поминувавме како нормално семејство со многу љубов. Ние си игравме, секако тивко никој да не не чуе, гледавме телевизија, читавме весници“, продолжуваат со својата животна приказна Станковиќ.
И двајцата се ретко талентирани деца кои се интересираат за многу работи.
Маријана е заинтересирана за сликање, вљубена е има тригодишна врска, додека нејзиниот брат сериозно се занимава со информатика и одлично му оди.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1