Грабеж на комбе за транспорт на пари се случи попладнево во Велес. Според информациите на Алфа ТВ грабежот се случил околу 12.30 на улицата „Алексо Демниевски“, карши спортската сала „Гемиџии“, во Велес. Две вооружени лица, од вработени во агенцијата за обезбедување лица и имот „Перпетуммобиле“, одземале кутии во кои се превезувале пари, велат за Алфа од велешката полиција.
Неофицијално, агенцијата превезувала пари од една банка за да наполни банкомати. Вооружените откако ги земале кутиите ги ставиле во своето возило и избегале. Полицијата, по кратка потрага го пронашла возилото, а внатре имало и кутии. Од СВР Велес, за Алфа велат дека две лица се приведени, осомничени дека го извршиле грабежот, а дополнително ќе се утврдува дали во возилото на осомничените се сите украдени кутии со пари. Полицијата ќе утврдува дали транспортот на парите од страна на агенцијата бил согласно законските норми и дали обезбедувањето било вооружено како што налагаат законските процедури.
<