По почетокот на врнежните на снег денес на терен активно работи зимската служба на Град Скопје, која ќе интервенира по потреба за расчистување на снегот и фрлање на сол на булеварите и собирните улици кои се во надлежност на Градот Скопје.
-Градот Скопје за претстојната зима има на располагање 2.300 тони индустриска сол како залиха од лани, како и дополнителни 1.500 тони набавени од компанијата „КИЕМ“. Зимската служба на Градот Скопје на располагање има 30 возила од ЈП „Улици и патишта“, како и возила што дополнително се ангажирани од приватна фирма. Екипите на зимската служба ќе бидат активни и ќе дежураат во текот на 24 часа, на две локации, во пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода и во пунктот во Бутел, соопштуваат од Град Скопје.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да се прилагодат на условите на терен.