Град Скопје: Само семејствата на починатите избираат погребално претпријатие


Семејствата на починатите по сопствен избор одлучуваат од кое погребално претпријатие ќе користат услуги. Од Град Скопје се оградуваат од каква било законска надлежност и ингеренции во врска проблемите кои ги посочуваат лиценцираните погребални претпријатија, кои преку неколку протести досега обвинуваа за спрега помеѓу АД Бутел и градската болница „8 спетември“, држејќи монопол за погреблните услуги во случај на смрт на пациент.grobista tetovo

– Градот Скопје до сите здравствени установи, Болници и Домови за стари лица на јавно и видно место има истакнато соопштенија со точни имиња на Оператори на погребни услуги и нивни адреси и  броеви. Единствено право на избор кој оператор ќе ја изврши услугата и ќе го превземе починатиот имаат членовите на семејството на починатиот и здравствените установи се должни да го почитуваат тоа, велат од Град Скопје.

Но, адвокатите на лиценцираните фирми реагираат на прогласувањето ненадлежност од градот. Според нив, постои кршење на Законот за гробишта и погребални услуги, за чие спроведување делумно е надлежен токму град Скопје, кој мора да овозможи еднаков пристап и третман за сите. Но, во пракса, велат тие, АД Бутел е фаворизиран бидејќи има свои простории во болницата и двајца вработени. Доколку и понатаму остане ваквата состојба  во болницата, тогаш  она што Град Скопје го изјавува нема да има конкретна имплементација на терен, пишува во реакцијата.

Од АД Бутел не одговараат на прозивките на приватните погребални претпријатија. Од таму велат дека немаат комтентар во однос на обвинувањата, но доколку продолжат, ќе излезат со став во јавноста. Приватните погребални претпријатија одржаа два протести пред болницата неделава, а најавуваат уште еден голем протест за седум дена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1