Градоначалничка се жртвувала себе за да го спаси детето – нарко картелот ја убил (Видео)


36 годишната градоначалничка на Тикуичео во Мексико, Марија Сантос Горостиета е пронајдена мртва, 8 дена откако беше киднапирана од нарко картелот против кого се борела.

Таа ја возела својата ќерка на училиште кога нејзиниот автомобил бил пресретнат од платениците на наркокартелот. За да ја поштеди и спаси својата ќерка таа ги молела убијците да го поштедат детете а за возврат таа самоболно ќе замине со нив. Киднаперите се согласиле, и таа доброволно влегла со нив во автомобилот.

Осум дена подоцна, нејзиното тело е најдено крај патот, со врзани раце и нозе и траги од тепање, мачење и рани од нож.

Оваа храбра жена во Мексико ја сметаат за хероина на 21-от век. За градоначалник била избрана во 2008 година, и веднаш добивала закани.

Имало и неколку обиди за атентат врз неа, во еден од нив загинал и нејзиниот сопруг.

Првиот обид за атентат бил во октомври 2009 година, по само 3 месеци следел вториот напад – маскирани разбојници од заседа пукале кон нејзиниот џип. Од 30 куршуми колку што го погодиле нејзиниот џип, 3 завршиле во нејзиното тело.

,,Имам три деца кои морам да ги воспитувам со мојот пример, а морам да го чувам и споменот на својот сопруг, нивниот татко – рекла Марија тогаш.

Потоа се кандидирала за сојузниот Конгрес, но не освоила доволен број гласови. Се премажила и се повлекла од јавноста, но мексиканските картели не ја заборавиле.

ВНИМАНИЕ – Видеото содржи експлицитни фотографии !!!


Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1