Градот ги укина уличните свирачи


Уличните музичари кои свиреа низ центарот на Скопје оваа години се укинуваат. Град Скопје годинава нема да го реализира проектот улични музичари, на кој средношколци и студенти шест месеци свиреа во Градскиот трговски центар (ГТЦ), Плоштадот Македонија, Плоштадот Филип Втори и на улица Македонија, пишува порталот СДК.

Според програмата за оваа година која ја реализира Конгресниот центар „Александар Македонски“, не е предвидена финансиска поддршка за улични музичари туку парите ќе се наменат за организација на фестивал за улични свирачи, кој ќе трае 4 дена и ќе се одржи кон крајот на јуни. Во програмата за соло музичари и музички групи за културно-забавно афирмирање на граѓаните за оваа година предвидени се 2,5 милиони денари.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека не го укинуваат проектот туку имаат нов концепт, односно ќе се прави фестивал на улични музичари, на него ќе учествуваат и групи од повеќе европски земји.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1