Градот кој се откажа од автомобили – на местото на патиштата паркови (Фото)


Хамбург е првиот град кој во следните 20 години ќе работи остварувајќи ги своите амбициозни планови за ослободување од автомобилите.

Градскиот совет на германскиот град Хамбург планира да стане град без автомобили во рок од 20 години. Работејќи на овие планови, градскиот совет одлучи да изгради повеќе пешачки и велосипедски патеки, поврзувајќи ги во голема мрежа.

hamburgo1_639x300

Според плановите, се предвидува елиминирање на потребата од автомобили во рамките на наредните две децении. Се со цел намалувањето на потребата за користење на автомобилите и зголемувањето на еколошкото ниво, локалните власти се одлучија да ги зголемат зелените површини, градските паркови, градските градини како и помалите шумски подрачја во периферијата на градот.

По завршувањето на овој проект, Хамубрг со гордост ќе има над 17.000 хектари зелени површини, што би покривало цели 40% од градот. Според официјално лице, амбициозниот план ќе ја намали потребата да се земе автомобилот за викенд излети надвор од градот.

Think.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1