„Градско дрво“ во Скопје ќе го чисти воздухот како во Осло, Париз и Дрезден


Вертикална градина од мов, која ќе го чисти воздухот во Скопје и во Тетово. Дрвото е донација од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Екосвест”, а се очекува да биде поставено првата или втората недела од октомври.gradsko-drvo-gif-500-640x397

Дрвото, односно билбордот, ќе биде со висина од 4 метри, широчина од 3 метри и длабочина од 60 сантиметри. Тоа е всушност симбиоза од специфични култури и мовови со васкуларни растенија кои „јадат” ситен прав, односно ПМ-10 честички, азотни оксиди и озон и имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглероден диоксид годишно. Тие ја претвораат правта во фитомаса која ја користат како храна.

Оваа инсталација е самоодржлива бидејќи има соларни панели и резервоар за чие полнење во Скопје ќе се грижи јавното претпријатие „Паркови и зеленило”.

Ова т.н. градско дрво, со способноста да неутрализира 240 тони јаглерод диоксид годишно, го компензира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво и има ист ефект како 275 дрвја, а не е замена за дрвја.

Вакви „градски дрвја” има во градовите Осло (Норвешка), Париз (Франција), Дрезден и Kлигентал (Германија), Хонг Kонг (Kина) и др. Основниот модел на ова дрво чини 25.000 евра, а има и повеќе надградени модели со можност да се постават реклами во средината, за да се привлечат бизнис-компаниите. Дрвото е донација од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Екосвест”, а се очекува да биде поставено првата или втората недела од октомври.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1