Во повеќето држави цртањето на графити на нечива сопственост се смета за вандализам, без дозвола од сопственикот, а во некои дури и се казнува сопственикот ако дозволи да се испишуваат графити на неговиот имот. Во сите држави во Европа и во Светот шкртањето по јавни објекти се санкционира без исклучок. За некој графитите се уметност, а за некој само вандализам. Кај нас деновиве се обидуваат уништувањето на објекти да го протнат како герилска акција, се повеќе граѓани се револтирани што наместо да се осуди дури и се поддржува ваквото однесување и дивеење. Нема никакво оправдување за уништување, децидни се и граѓани но и законите. ВО СИТЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ А И ВО СВЕТОТ уништувањето на туѓ имот и јавно добро е казниво и се смета за вандализам некаде казните се толку ригорозни при што се предвидува и казна затвор.
БЕРЕТЕ ПАМЕТ ЕВЕ ГИ КАЗНИТЕ и во Македонија.
Законот за јавната чистота забранува испишување графити, цртање и лепење плакати на јавни објекти, а покрај полицијата, за негово спроведување се задолжени комуналните редари во Град Скопје и во општините.
Од МВР објаснуваат дека испишувањето графити на јавни објекти не е дозволено и претставува казниво дело по два закона, по Законот за прекршување на јавниот ред и мир (член 27) и по Законот за јавна чистота (член 17). Имено, според Законот за прекршување на јавниот ред и мир, лицето кое е затекнато да пишува или да црта графити може да заработи казна од 100 до 400 евра. Дополнителни и посторги се казните за уништување споменици и културно наследство.
Законот за јавна чистота, казната е 50 евра. За овие прекршоци општинскиот инспетор или унуформираниот полициски службеник, како и комуналниот редар на сторителот ќе му врачат покана за плаќање на казната во рок од 8 дена. Доколу во тој рок не биде платена казната, на стрителот му се поднесува барање за прекршочна постапка пред надлежен суд, а судот му изрекува казна во трикратен износ од утврдениот, односно во висина од 150 евра во денарска противвредност.
На сторителите на прекршокот согласно законот може да им се предложи постапка за порамнување со која казната може да се замени со извршување на општокорисна работа(метење и чистење на улици и плоштади и други јавни површини, садење на дрва, помош на изнемоштени лица, чистење на снег, чистење на речни корита и сл) во трање од најмалку 24 работни часа.
Водата во фонтаната на споменикот „Воинот на коњ“ на плоштад, утрово осамна во крваво црвена боја, беа ишкртани портата Македонија, министерството за култура, и повеќе локации во центарот на градот.За време на синоќешните протести пак, во истата фонтана беше истурен прашок за перење.
Во продолжение еве гиказните во некои од светските метрополи и земји.
– Лос Анџелес САД
парична казна во висина до $ 50,000
Ако предизвикуваат повеќе од 400 $ штета на имот може да се соочат со казни до 10.000 $, до една година затвор, или и двете. Во Калифорнија, казните се врз основа на износот на штетата нанесена на имот. Ако предизвикува повеќе од $ 50.000 штета, тие можат да бидат казнети со истиот износ и до 1 година затвор. Штета во вкупен износ од помалку од $ 400 може да му донесе парична казна до 1000 $ со до 6 месеци во затвор.
– Лондон Велика Британија
до $ 7.356 и
6 месеци во затвор
Лондон има фиксна казна за графити £ 75 Законот 2005. сериозна штета на имот или расистички графити, можат да бидат кривично гонети според Закон за кривична штета од 1971 година, според кои казните се пропорционални на штетата (до £ 5000), и се соочуваат со можноста за период до 6 месеци во затвор.
– Мумбаи во Индија
$ 802 и
1 година затвор
Во Мумбаи, во ред е ₹ 50.000 рупии и до една година затвор.
– Берлин
парична казна во висина од € 7.000
“неколку стотици евра по квадратен метар” за користење на спреј-боја, според извештајот на Берлинскиот Полицијата жена добила парична казна 7.000 евра за спреј сликарство.
– Дубаи U.A.E
започнува од $ 1 и двојно ако се повторува.
– Сиднеј Австралија
$ 1.923 и 1 година затвор
Во Сиднеј, графити се казнува со $ 2500 и една година затвор за дела кои предизвикуваат значителен износ на штета. Помалку сериозни кривични дела се движат од и до 100 часа општокорисна работа за малолетните лица, а 300 за возрасни.
– BarcelonaSpain
до € 3000
Во зависност од тоа колку штета, тие можат да бидат казнети со парична казна помеѓу 750 до 1500 евра. Ако штетата е направена за тоа што Шпанија го дефинира како “споменици или заштитени објекти”, парични казни може да се удвои, кои се движат од 1500-3000 евра.
– Детроит Мичиген
5 години затвор
Според Wayne County помошник-обвинител, Марија Милер, графити писател во Детроит, кој предизвикува штета во износ од повеќе од $ 1,000 и помалку од $ 20.000 може да се соочи со условна казна до 5 години затвор.