Гркинка се родила без матка и вагина


Гркинката Џоана Џианули (27) страда од синдром кој погодува една од 5.000 жени и поради кој нема матка ниту вагина. За „Би-би-си“ раскажала со кои сè предизвици се среќавала и со кои и понатаму се среќава.

Мајката ја одвела Џоана кај семејниот лекар кога имала 14 години, бидејќи сè уште немала менструација.e8b3d700284a649e0e1f8da28dedfbd4

– Не ме прегледа, бидејќи не сакаше да ги допира моите гениталии, а кога наполнив 16, ме испрати во болница на преглед. Сфатиле дека немам вагинален тунел и дека го имам синдромот Маер-Рокитански-Кистер-Хаузер. Поради тоа што сум родена без функционална вагина, лекарите морале да ја направат за да можам да имам сексуални односи – објаснува Џоана.

– Ѝ објаснив дека не направила ништо погрешно, дека тоа се само гени – Џоана.

Синдромот ѝ предизвикал големи тешкотии во животот. Се борела со депресија и со напади на паника, а имала и проблеми во односите со мажите. Џоана рекла дека нејзините партнери емоционално ја малтретирале и дека долго не можела да одржува стабилна врска, а најлошо ѝ било кога ја напуштил нејзиниот свршеник.

– Бев свршена кога имав 21 година и живеев во Атина. Кога му реков на мојот свршеник за мојата состојба, ја раскина свршувачката – открила Џоана која последните пет години е во стабилна и среќна врска со мажот кој од почетокот знаел за нејзиниот синдром.

Џоана сака да ги поддржи сите жени коишто го имаат истиот синдром.

– Многу жени извршија самоубиство поради ова. Тоа може да биде навистина депресивно. Сакам да им помогнам на другите жени кои го имаат истиот проблем, бидејќи ако не си помагаме една на друга, кој тоа ќе го направи? – заклучува Џоана.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1