На Фејсбук е формирана група од граѓани кои не се согласуваат со плаќањето на придонеси за авторските и договорите за дело, што треба да започне од Нова година.
Групата „НЕ за плаќање на здравствено и пензиско осигурување за хонорари“ досега ја поддржале над 4.000 граѓани, кои сметаат дека има многу нејасни прашања околу тоа како ќе функционира новата давачка.
Кои ќе бидат казните, како хонорарците ќе ги плаќаат давачките ако им доцни хонорарот – ова се само дел од прашањата што ги поставуваат граѓаните.
Инаку, и дел од бизнисмените веќе искажаа несогласување со законското решение, па бараат тоа да се промени, а неговата примена да се одложи.