Грчкиот портал Flashnews.gr објави фотографии на кои е прикажан хелокоптерот кој ја надлетува водната површина во потрага по 23 годишната Дениса Маркоска која исчезна од бродот на кој работела.
Со три глисери и еден хеликоптер, критската полиција трага по Македонката. Интернет-сајтот Cruiselawnews.com уште пред пет дена објавил дека 23-годишна девојка паднала од бродот и е исчезната.
Кога пристигнал бродот во пристаништето Агиос Николаос, по пријавата на случајот од страна на капетанот, веднаш започнала акцијата за идентификација на исчезнатата девојка под координација на критската полиција, пренесува грчкиот медиум.
Според капетанот на бродот, нејзината трага се губи на отворено море додека бродот пловел од Карпатос до Касу во заливот Мирабело.