Грција од сабота во целосен карантин до 30 ноември


Од сабота наутро Грција влегува во целосен, втор карантин во траење од три седмици, а отворени ќе останат градинките, забавиштата и основните училишта.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис заедно со шефот на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, на прес конференција, што е во тек, ги соопштуваат новите мерки за справување со епидемијата.

-Како што знаете донесовме одлука од сабота во 6 часот наутро, откажување активности, кои ќе трае три седмици до 30 ноември, истакна Мицотакис.

Исто како и за време на првиот карантин, движењето за граѓаните ќе биде само за конкретни причини и само со претходно испратена смс порака.

Отворени, освен градинките и основните училиштата, ќе бидат и супермаркетите, аптеките, бензинските станици, а сѐ останато е затворено, средните училишта, универзитетите, продавниците, фризерски салони, фитнес центрите, кафулињата и рестораните итн.

Новиот локдаун доаѓа по драстичното зголемување на бројот на нови случаи на дневно ниво, како и на бројот на пациенти приклучени на апарати и зголемениот притисок врз здравствениот систем.

Мицотакис рече дека во изминатите пет дена има агресивно зголемување на новозаразените, односно како што истакна, „речиси 10.000 случаи за пет дена“, а додаде дека има и големо зголемување на хоспитализираните и на пациентите приклучени на апрати.

-Овој бран треба да го запреме, истакна грчкиот премиер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1