Работник во крематориум на својот фејсбук профил објавил груба шала на сметка на својата работа и мртвите. „Мислам дека штотуку го кремирав терминатор“, поради металната штипка на починатиот во ногата, напишал англичанецот на еден од неговите постовите.
Метју Кеј работи во крематориум во Њукасл, но добил отказ, а во моментов се наоѓа и под истрага. Својата работа ја опишал како „кувар со полно работно време“, а во еден негов пост на фејсбук се нашалил дека денеска помалку ќе готви.
Ги сликал копчињата на машината за кремирање, а напишал дека му била потребна вечност да ги накити за Божиќ. Гробарот се смеел на предлогот да се зголемат цените на услугите на 666 фунти – пишува „Можеле да одберат и друг број“.
„Денеска толку се смеев на хранарината, што помислив дека скршив едно ребро“, пишува на еден од неговите спорни постови.