Гром удри во авион полн со патници (видео)


Авион погоден од гром е снимен на аматерската видео снимка што ја објави Си Ен Ен. Станува збор за авион на компанијата Делта Ерлајнс, кој во моментот кога бил удрен од гром полетувал од аеродромот Хатсфилд – Џексон во Атланта, во текот на оваа недела.

Додека ги снимав авионите што беа приземјени во Атланта на 18. 08. 2015 случајно успеав да го снимам моментот кога удри гром во авионот 737, напишал на Јутјуб човекот што го направил видето Јек Перкинс.avion-pogoden-grom-640x396

Портпаролот на компанијата Делта ерлајнс Морган Дуран потврдил дека авион на компанијата бил погоден од гром. Како што појаснил станува збор за летот 67 кој во вторникот полетувал од аеродромот во Аталанта. Авионот Боинг 737 требало да се упати кон Лас Вегас.

Авионот тргнал со двочасовно задоцнување, а на предвидената дестинација пристигнал со задоцнување од само 20-тина минути.

Нема информации за повредени помеѓу 111-те патници и шесте членови на екипажот. Како и во повеќе други слични вакви случаи, Делта спроведува детална истрага за овој случај, посебно затоа што безбедноста е врвен приоритет на Делта. Дизјанот на авионот дозволува громовите да се одбиваат, изјавил Дуран.

Сепак, експертите тврдат дека ударот од гром е мошне вообичаена појава во воздушниот сообраќај и дека нема место за паника затоа што самите авиони се дизајнирани за да издржат ваков тип удар. Ако авионот биде погоден од гром, тоа не значи дека ќе резултира со авионска несреќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1