Гром удрил во фудбалери на терен – еден вратен во живот со реанимација


Непосредно пред натпреварот на домаќинот ФК Неч од Гаитал и ФК Силиана од Австралија, голем и силен татнеж и удар од гром ги покосил дел од фудбалерите на теренот на стадионот „Добраќ арена“

grom„Беше страшно, громот беше огромен, околу десетина метри долг“, објаснил претседателот на ФК Неч Бернт Лекс, пренесуваат австриските медиуми.

На крајот на фазата од загревање, громот во сабтотата вечерта удрил од ведрото небо на теренот, а оние играчи кои во тоа време се наоѓале на патот кај кабината паднале сите до еден на земја. Поголемиот дел од нив успеале да станат самите, но помладите играчи Алекс Б. и Том В. Останале да лежат без свест.

„Уште бевме во шок, но веднаш дотрчавме до нив и започнавме со реанимација“, вели Лекс. Додека Алекс Б. Бил повратен во живот, за Тома се бореле цел саат, затоа што имало прекин во работата на срцето.

Тој со хеликоптер морал да биде префрлен во болницата во Клагенфурт, каде лекарите и понатаму се борат за животот на младиот фудбалер. Така и неговите колеги морале во болницата да бидат прегледани, но тие ударот од громот го преживеале без потешки последици.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1