Нема повеќе интернет во автобусите на ЈСП – фирмата сега видела дека не и се исплатело


Во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) повеќе нема сурфање на интернет, бидејќи патниците немаат пристап до безжична мрежа. Интернет-провајдерот Сан вајрлес со кого ЈСП лани потпиша петгодишен договор за инсталирање на мрежа во автобусите на претпријатието, се откажал од бизнисот.

jsp internetПровајдерот се одлучил на овој чекор поради слабиот интерес на патниците да се конектираат на вај-фај мрежата, услуга за која требало да платат. Компанијата требаше да инсталира безжична мрежа во сите градски автобуси, но процесот сега е запрен на 50-тиот автобус. На патниците кои сакаат да сурфаат додека се возат, сепак им останува другата опција, да бидат на интернет со приклучување на 3Г-мрежата, услуга која им ја плаќаат на мобилните оператори.

Инаку, при склучување на договорот беше најавено дека сите патници во автобусите на ЈСП во текот на патувањето ќе имаат можност без да им треба шифра да користат брз и стабилен безжичен интернет. Компанијата требаше да постави безжична електронска комуникациска мрежа во автобусите на ЈСП и во билетарниците. Бесплатен и безжичен пристап требаше да се овозможи до текстуалните содржини на ЈСП како што се веб-сајтот, возниот ред и новостите во автобусите на ЈСП Скопје, а исто така и до страницата на Град Скопје и на сите хотспотови на Сан вајрлес на територијата на Скопје.

Вечер

Најголем дел од вај-фај хотспот локациите во Скопје се застапени по кафулињата, каде што посетителите може бесплатно да се конектираат на интернет.

(С.М.)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1