Грозоморна слика, незапомнет хорор во Србија- цело семејство пронајдено мртво


Душан и Милица, пензионери од Србија, заедно со својот 61-годишен син Драган лежеле цел месец мртви во својот дом. 80-годишниот сопруг и 4 години постарата сопруга, заедно со синот биле пронајдени во семејната куќа, во фаза на распаѓање.

Соседите последен пат ги виделе околу Свети Јован, по што им се изгубила трагата.policija krim telo kukja

Полицијата во куќата која била заклучена влегла на сила, а внатре ги затекнала синот кој лежел на подот, како и родителите кои биле на спратот. Нивните тела биле покриени, па сето тоа и е сомнително на полицијата, која смета дека Драган најверојатно ги убил, па се самоубил на долниот кат.

Семејството Бајиќ живеело од инвалидската пензија на Драган, од 12.000 динари. Тој почнал да работи, но престанал бидејќи психички не бил стабилен, поради што го пратиле во пензија. Роднините им помагале да скрпат крај со крај, со оглед на тешката состојба.

– Постојано се караа, мајката му викаше, „Што ми бараш да јадеш, немам што да ти дадам“, вели соседка за српскиот Курир.

Тие ретко се дружеле и ретко излегувале од дома. Полицијата го истражува случајот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1