Жртва на триесет и четиригодишниот Т.Ч. кој вчера беше уапсен од полицијата било 14 годишно девојче, негова внука од шура, чиј старател бил самиот тој. Скопскиот педофил беше пријавен дека постирал експлицитни содржини со детска порнографија и на профилот на својот дванаесетгодишен син на социјалната мрежа Фејсбук”, открива МВР.
Малолетничката долги години била во канџите на овој педофил, покрај тоа што ја силувал, тој ја снимал и фотографирал и снимките ги ставал на интернет.
Тогаш 34 годишниот тетин живеел заедно со девојчето и добил кривична пријава за живот со малолетно дете, по што девојчето му било одземено и доделено на чување на нејзината баба, Но, наскоро пак ја вратил кај себе.
Педофилот со профил на Фејсбук под името Tonyy Montana (Montana) објавувал слики од сексуални односи кои ги имал со малолетни девојчиња. Случајот бил откриен откако на 3-ти март Т.Ч. објавил слики со експлицитна содржина на профилот, а потоа истите му ги пратил на својот малолетен син во порака на социјалната мрежа од профил потпишан како Skrseno srce, по што неговата поранешна сопруга го пријавила во полиција.
Полицијата во неговиот комјутер и телефон пронашла фотографии и од други девојки и проверува дали и со нив правел нешто спротивно на законот.