Се е платено а пак стои долг – Проверете си ги сметките за телевизија да не ве блокираат


На сметките на голем број граѓани се јавува долг за радиодифузна такса кој реално тие го немаат. Иако немаат ниту една заостаната неплатена сметка, на фактурите што ги добиваат се регистрира заостанат долг за една, две или повеќе сметки. Загрижени поради големата акција на Управата за јавни приходи за блокирање на трансакциските сметки во домашните банки и присилно наплатување на заостанатиот долг, која се случи минатиот месец, граѓаните реагираат до оваа институција,пишува Утрински

mtv zgrada„Од јуни минатата година, во секоја сметка што ја добивам стои долг од 380 денари, иако сите сметки ми се уредно платени. Во УЈП велат дека немам долг, но тој повторно се јавува на секоја фактура. Се плашам дека еден ден ќе ми ја блокираат сметката, па ќе треба повторно да докажувам дека се’ е платено. Тоа веројатно нема да ме спаси од можните трошоци што ќе ми ги наплати банката“, вели пензионерка од Скопје.

Таа се жали дека не може да добие информација од Управата по телефон, зашто и понатаму се регистрира долгот, туку дека мора да оди и да чека на шалтерите во подружниците на Управата за да го реши проблемот.

Доколку на граѓаните им се платени сите сметки, иако се јавува долг на сметката, не постои опасност да им биде блокирана сметката. Во секој случај, доколку последователно во две решенија на граѓаните им се појавува долг, потребно е да се обратат во канцелариите на УЈП, да се провери да не станува збор за уплата на погрешна сметка“, објаснуват од Управата за јавни приходи.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1